Милошоски објави план за промена на името во 11 точки
Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, на својот фејсбук профил објави план од 11 точки за којшто тврди дека е договорената компромисна рамка меѓу Димитров и Коѕијас за промена на името и на Уставот. Според овој план, на потег се премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои наскоро треба да го потпишат овој договор во Преспа и да почне процедурата за прием на Македонија во ЕУ и НАТО и за промена на Уставот на Република Македонија.
1. Дефинирање на новото име преку повратна комуникација меѓу Заев и Ципрас.
2. Потпишување на договор за промена на името во Преспа на почетокот на јуни.
3. Договорот за името оди во македонското Собрание каде треба да помине со гласање на 61 пратеник.
4. Грција испраќа писмо до НАТО за да одобри условен прием (членство само по уставни промени).
5. Грција испраќа писмо до ЕУ за поддршка за почеток на преговорите на Скопје под услов уставните промени да завршат во рок од 12 месеци.
6. На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори
6а. На 11/12 јули Скопје ќе ја прифати официјалната покана за НАТО.
7. Во октомври ќе се одржи референдум за името со кој Заев ќе треба да покаже дека мнозинството граѓани ја прифаќаат рамката за промена на името.
8. Врз основа на очекуваната силна поддршка од СДСМ и албанските гласачи Заев ќе побара поддршка од опозицијата во Собранието и со 2/3 мнозинство да се промени Уставот за името. Доколку некои пратеници искажат противење на промена на името, СЈО и други владини институции ќе спроведат соодветен притисок.
9. Договорот за промена на името ќе дојде за гласање и пред грчкиот парламент, по што ќе почне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО
10. ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име.
Ново на Сител
-
По изготвување на Буџетот повисоки плати во образованието и здравството
-
Мицкоски: Нема да дозволам ултиматуми додека јас ја водам македонската Влада
-
Релаксирање на односите со соседите
-
Таравари: Уставниот суд избрза, спремавме Закон за правична застапеност
-
Општините го чекаат последниот ден за доставување на целосни документации за финансирање на проекти со кредитот од Унгарија
-
ЗНМ: Тужби кои се злоупотребуваат за цензура се најголем предизвик за новинарите
-
Почна судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот