Милион денари доби велешанец на гребка Златна рипка
Велешанецот Озен Фератов е добитник на милион денари на инстант лозот Златна рипка на Државна лотарија на Македонија.
Инстант лозот, соопштува Државна лотарија на Македонија, го купил во среќното место Тобако КА-М во Велес, каде најчесто купува инстант лозови. Многу пати до сега имал само замена, но и не некој поголема добивка.
Овој викенд решил повторно да си ја проба среќата и тоа со инстант лозот Дијамант. Откако Дијамантот, не му донел среќа, решил да проба со најновиот инстант лоз Аладинова ламба, но откако и со него не го послужила среќата, се вратил и купил Златна рипка, која е и негов фаворит кога станува збор за инстант лозовите.
-Озен, наведуаат од ДЛМ, најмногу се забавува со овој инстант лоз, кој ни рече за него е наједноставен и до сега се покажал како најсреќен за него. За 50 денари доби милион денари
Инстант лозот Златан рипка првпат Државна лотарија на Македонија го пласираше во септември 2016 година. Во продажба е четвртата серија.
Ново на Сител
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?
-
Тошковски одговори на обвинувањата