Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е задоволен од изданието на неговите избраници на вечерашниот натпревар со Исланд.
Тој им го честиташе пласманот во баражот на репрезентативците за кои е убеден дека располагаат со квалитети за поголеми успеси.
Милевски на прес-конференцијата по натпреварот во Скопје, не заборави да ја истакне и заслугата на претходниот селектор со кого македонската репрезентација ги започна квалификациите за Мундијалот 2022.
-Честитки до моите фудбалери. За успехот е заслужен и мојот претходник Игор Ангеловски и играчите кои беа дел од овој квалификациски циклус. Раниот гол на Алиоски ни ја олесни работата. Исланд е сериозна репрезентација и бевме свесни дека до крајот моравме да бидеме максимално концентрирани. Ние доминиравме во текот на целиот меч и задоволен сум од сите кои добија шанса. Сепак ќе кажам дека не сме стигнати до нивото кое јас го посакувам. Имаме потенцијал да напредуваме уште и сите се ставени во функција на такво нешто. Јас уште од самото доаѓање на селекторската функција верував во квалитетите на нашите фудбалери и тие целосно ја оправдаа довербата, рече Милевски.
Македонските фудбалери го освоија второто место во Ј-групата во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар и за првпат во историјата изборија учество во баражот.
Ждрепката за групите во плејофот ќе биде извршена на 26 ноември, а натпреварите ќе се играат во март следната година.
Ново на Сител
-
Приведен 38-годишник од Битола, при претрес во неговиот дом е најдена дрога
-
Пред натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ по грешка интонирана химната на Лига Европа
-
Мурињо откри кој бил најемотивниот момент во неговата кариера
-
Мбапе доби само еден натпревар суспензија за црвениот картон против Алавес
-
Реал Мадрид ќе ги насочи своите напори кон привлекување на Ерлинг Халанд
-
Тејтум: Доаѓањето на НБА во Европа треба да и помогнеме на кошарката, а не да ја загрози Евролигата
-
Хуманитарен натпревар за настраданите во Кочани вечерва помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
ПСЖ и Барселона поразени, но се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите