Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени

Во центарот на англискиот град Дерби вчера вечер, автомобил удрил во група пешаци, при што неколку лица се повредени, од кои некои потешко.
Човекот што го управувал возилото бил уапсен, објави полицијата, пишува Скај њуз.
Инцидентот се случил околу 21:30 часот во Фрајар Гејт. Медицинскиот персонал им пружил помош на повредените на местото на настанот пред да ги пренесе во болница. Полицијата запрела возило за кое се верува дека било вклучено во несреќата кратко по настанот. Возачот, маж на возраст од триесет години, бил уапсен и е во полициски притвор.
Лице кое се нашло на местото на настанот кратко по инцидентот изјавило за Дерби Телеграф дека „луѓето лежеле на земја“. „Беше многу страшно искуство. Стигнавме до аголот и имаше луѓе насекаде“, рекол сведокот. „Не разбравме што се случило, а потоа полека почнавме да гледаме дека нешто лошо се случува“.
„Нашата истрага е во рана фаза, но апелираме до секој што го видел црниот Сузуки Свифт како вози низ Дерби во времето на инцидентот да не контактира“, соопшти полицијата на округот Дербишир.
„Улицата Фрајар Гејт е целосно затворена од раскрсницата на улицата Керзон и улицата Чипсајд до улицата Форд. Патот ќе биде затворен подолг временски период, затоа ве молиме целосно да ја избегнувате областа“, додаде полицијата. „Иако знаеме дека ова е вознемирувачко, сакаме да ја увериме јавноста бидејќи не веруваме дека постои понатамошна опасност за јавноста.“
Кетрин Аткинсон, пратеничка од Лабуристичката партија за Дерби Север, објави на социјалните медиуми: „Длабоко сум шокирана од извештаите дека луѓе се повредени во сериозен инцидент во центарот на градот Дерби вечерва. Моите мисли се со повредените и мојата благодарност до нашите служби за итни случаи.
Ве молиме следете ги советите на полицијата и избегнувајте ја областа. Секој што има информации треба да ги контактира што е можно поскоро.“ Баги Шанкер, пратеник од Дерби Саут, рече дека неговите мисли се со „сите погодени и нивните најблиски“.
МИА
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
