-->
-->
Миланското дерби за Интер
-->
Фудбалерите славеа над Милан со 1:0 во големото дерби на Милано кое се одигра во рамките на третото коло во Серија А. Популарното Derbi della Madonina го реши Колумбиецот Фреди Гуарин во 58.минута.
Првото миланско дерби во новата сезона, во која Интер и Милан влегоа со видно изменети состави во однос на минатата сезона, не донесе спектакуларен меч, но донесе меч со многу темпо и неколку изгледни шанси за постигнување на гол.
Милан имаше минимална теренска инцијатва, еден удар повеќе од противникот, но Интер беше тимот кој постигна гол.
Моментот на одлука се случи во 58 минута кога Сантон повлече полуконтра го проигра Гуарин, Колумбиецот ја повлече малку топката и со прецизен удар од 18 метри го матираше Диего Лопез.
На дербито шанса доби и Марио Балотели, тој во го замени на теренот Карлос Бака и беше мошне агилен во нападот. Неговот влегување ја донесе најдобрата шанса за Милан, кога Балотели го погоди дирекот.
По три одиграни рунди во Серија А Интер е единствениот тим со максимален учинок, додека Милан има една победа и два порази.
Серија А, 3.коло
Интер-Милан 1:0
Лацио-Удинезе 2:
Емполи-Наполи 2:2
Палермо-Карпи 2:2
Сасуоло-Аталанта 2:2
Верона-Торино 2:2
Јувентус-Киево 1:1
Фиорентина-Џенова 1:0
Фрозиноне-Рома 0:2
Сампддорија-Болоња (одложено).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ