Милан Зарубица „српски крал на синтетичката дрога“
Во врска со полициската акција на откривање на најголемата лабораторија на синтетичка дрога во Југоисточна Европа во Тетово српските медиуми наголемо пишуваат за оваа акција на македонската полиција во која е уапсен и српскиот крал на синтетичката дрога, Милан Зарубица.
За важноста на акцијата говори и изјавата на српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој рече дека ова е еден од најдобрите резултати на заплена на синтетичка дрога.
- Мошне е добро што е уапсен и Милан Зарубица, бидејќи тој се смета за еден од најголемите креатори на синтетичка дрога и тој и претходно е познат на овие простори по овие активности. Важно е што е откриена една исклучително модерно опремена лабораторија, нешто што можеше да им нанесе многу зло на нашите деца, изјави Стефановиќ.
Медиумите во анализата на Др. Милан Зарубица пишуваат дека тој досега два пати е осудуван заради организирано производство на синтетичка дрога.
Прв пат е уапсен во 2003 година под обвинение дека направил најголема фабрика за производство на синтетичка дрога во Европа. Тогаш се запленети околу два милиони таблети екстази и други разни супстанци во вредност од десет милиони долари. Акцијата под име „Белград“ е спроведена по информацијата на американската Агенција за сузбивање на дрогата (ДЕА) според која во близина на Белград, во Стара Пазова постои голема лабораторија за синтетичка дрога.
Зарубица за ова дело е осуден правосилно на 11 години затвор. Меѓутоа кога бил на „слободен режим на служење на казната, со слободен викенд“ повторно е уапсен во 2011 година поради повторно користење на лабораторијата, овој пат во Угриновци.
Како што наведуваат повеќето медиуми оваа акција започнала на границата со Македонија, кога е откриена нарко пратка, за која имало сомнеж дека Зарубица ја испратил на потенцијални купувачи на амфетаминин, двајца турски и еден македонски државјанин.
Милан Зарубица на 31 декември 2014 излегол од затвор. За сите случаи на Зарубица во Србија му е запленет имот, одземена му е опремата на фирмата „Ленал Фарма“, 320.000 долари и 89.000 евра, 2,5 милиони швајцарски франци од сметката во Швајцарија, а на сметката на српскиот буџет уплатил десет милиони американски долари на име на противзаконито стекнување на имот.
Медиумите во Србија ја цитираат изјавата на министерот Стефановиќ дека заплената на 300 килограми на синтетичка дрога во Македонија е многу важна поради тоа што станува збор за кептагон, нова синтетичка дрога која е „омилена“ кај ИД борците, а една лабораторија во заедничката акција на македонската и српската полиција е откриена и во Србија.
Стефановиќ додал дека акцијата продолжува и на територијата на Турција, каде е откриен идентитетот на потенцијалните купувачи.
„Блиц“ и „Телграф“ пишувајќи за овој настан прават паралела за трговијата на дрога меѓу Македонија и Србија со популарната серија на Драган Бјелогрлиќ, „Сенки над Балканот“, каде се тргува со опиум и за Калуѓер, главниот организатор.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа