-->
-->
Милан на пенали го победи Баерн Минхен
-->
Фудбалерите на Милан по подоброто изведување на пенали забележаа победа над Баерн Минхен во натпревар од Интернационалниот куп на шампиони.
На средбата која се одигрна ноќеска во Чикаго, италијанскиот тим го совлада Баерн со 8:7 на пенали откако средбата заврши без победник 3:3.
Милан победе го голот на Нианг (23-минута), но до крајот на првиото полувреме дел Баерн успеа да направи пресврт па со погодоците на Рибери (29) и Алаба (38) да поведе со 2:1. Во второто полувреме одново следуваше пресврт. Со погодоците на Бертолачи (49) и Куцка (61) минута Милан одново дојде во водство. Но, возбудувањата тука не престанаа, па во последната минута од регуларниот дел (90) Франк Рибери од белата точка ги постави конечните 3-3.
Во пенал серијата, првите седум изведувачи не погрешија, а потоа младиот Донарума го одбрани ударот на Рафиња и му овозможи на Бонавентура да донесе победа за Милан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево