Мијалков позитивен на Ковид-19, рочиштето за „Плацови на Водно“ одложено
Рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“, денеска не се одржа поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков. Одбраната на обвинетиот како што извести судијата Илија Трпков, го информирала судот дека истиот е позитивен на коронавирус. Позитивни на Ковид-19 според судот се и неколку адвокати на обвинетите.
На денешното рочиште беше предвидено да биде сослушан сведокот Кирил Божиновски. Следното рочиште за овој предмет е закажено за 24 јануари.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.
Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот