Михаил Трендафилов – Нанче и официјално во трката за градоначалничкото место во Охрид
Михаил Трендафилов – Нанче од Граѓанско-демократската унија и официјално ја поднесе кандидатурата за учество на вонредните избори за градоначалничкото место во Охрид.
Од партиското соопштение на ГДУ при поднесувањето на документацијата за учество на изборите истакнаа дека како партија што се залага за промена на досегашниот начин на водење на политика во земјата, ќе се погрижат нивниот кандидат да понуди реална програма со проекти, кои што ќе бидат во интерес на oхриѓани.
-Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги. Нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче веќе и официјално ја бара довербата на охриѓани за да им докаже дека функцијата градоначалник може да се извршува домаќински и чесно, се наведува во партиското соопштение.
Негови противкандидати ќе бидат Митре Милошоски кандидиран од ВМРО ДПМНЕ и Константин Георгиески, вршителот на должноста градоначалник од редовите на СДСМ.
Предвремените избори за градоначалник на Охрид ќе се одржат на 21 април, додека предизборната кампања започнува на 1 април.
Ново на Сител
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот