Мигрантите ја прескокнуваат оградата, полицијата возвраќа со солзавец!
Мигрантите во огромен број ги преминуваат местата на српско-унгарската граница каде што Унгарците сè уште немаат изградено ѕид и на тој начин влегуваат во Шенген зоната.
Големиот бран на бегалци од Блискиот исток, од кои најголем дел доаѓаат од Сирија, пристигна на јужната унгарска граница во текот на вчерашниот ден.
Најголемиот дел од мигрантите започнале да влегуваат на унгарска територија од деловите каде што Унгарците сè уште немаат подигнато ограда со која планираат да го сопрат неконтролираното влегување на мигрантите во нивната земја.
Унгарската полиција морала да употреби солзавец на група мигранти кои се обиделе да го напуштат бегалскиот камп во близина на границата со Србија. Мигрантите одбиле да дадат отисоци на прстите, по што ситуацијата ескалирала.
„Големиот бран пристигна до нас. Никогаш порано ги немало во толку голем број", соопштија унгарските погранични служби.
Унгарците денес соопштија дека на големо размислуваат да ја испратат армијата на границата која треба да го спречи неконтролираното влегување на мигрантите: „Ја разгледуваме можноста за тоа како војската би помогнала со обезбедувњето на унгарската и границата на ЕУ", соопшти портпаролот на унгарската Влада.
Станува збор за најголема бегалска криза од Втората светска војна. Се проценува дека во текот на оваа година во Унгарија веќе влегле околу 100 илјади бегалци. Бројот на бегалци кои што дневно влегуваат во Унгарија вчера го достигна врвот - 2,093 бегалци во еден ден, а пристигнуваат уште од Грција, преку Македонија и Србија.
Од УНХЦР и агенцијата за бегалци при Обединетите нации предупредуваат дека воопшто не се очекува пад на бројот на бегалци: „Не гледаме крај на пристигнувањето на бегалците во следните месеци", порачуваат од ОН.
Унгарија бара поголеми средства од Европската Унија истакнувајќи дека износот кој го добиле досега за згрижување на бегалците е „понижувачки".
.com/watch?v=iFn9PQVFtHo
Ново на Сител
-

Апел за совесно и одговорно фрлање отпад - Се чистат диви депонии во Аеродром
-

Истрага против лице од Чучер Сандево за нелегално оружје и закани кон семејството
-

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен
-

За Богојавление - Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје
-

Инвестирани над 65 милиони евра во образованието во последната една и пол година, вели Мицкоски
-

Загрижувачки тренд поради кој жените се откажуваат од љубовните врски
-

Песков: Русија тргнува од претпоставката дека Гренланд е данска територија, но ситуацијата е вонредна
