Мицотакис: Нова демократија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа
Ставот дека Нова демократија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа, ниту во овој, ниту во следниот парламент, го повтори Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозицициска партија од Костур каде што присуствуваше на одбележувањето на 106 годишнината од ослободувањето на градот.
– Неколку десетици километри над езерото во Костур, се наоѓа едно друго езеро, Преспанското езеро, кое денес, на грчкото општество му е познато, не по неговата исклучителна природна убавина, туку по срамниот Договор од Преспа, што го потпишаа господинот Ципрас и господинот Каменос. Договор кој им отстапува македонски јазик и македонска националност на нашите соседи. Повторувам од овде, од Костур дека Нова демократија нема да гласа за овој договор, ниту сега, ниту во следниот парламент, рече претстедателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис