Мицковски: За ВМРО-ДПМНЕ договорот е „капитулација“
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го откажа патувањето и закажаните средби за утре и побара од премиерот Зоран Заев веднаш да му го достави договорот со Грција за решавање на спорот за името.
- Најпрво не беше за промена на Уставот, потоа прифати географска одредница за подоцна да ја убеди македонската јавност дека со промена на Устававот и решението илиндска Македонија го потврдува идентитетот, рече Мицковски.
Смета дека Заев сака „шверцерски“ да го протне решението, кое претходно го објави премиерот, Република Северна Македонија, како епохално.
- Ова е тежок егзибиционизам на штета на сопствената држава. Бараме т.н. договор кој Зоран Заев има намера да го потпише веднаш да ни го достави, појасни тој и рече дека ова не е вистинско решение, туку „капитулација“.
Нагласи дека е битно да се разграничи која институција е надлежна и има ингеренции да склучува меѓународни договори, владата или претседателот на државата.
- ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи промена на Уставот заради промена на името, повтори Мицкоски.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење