Мицкоски: Заев сам себе се пушти низ вода
Заев сам себе се пушти низ вода кога се навлече на криминал и корупција, а Македонија ја направи најкриминална и најкорупмирана држава во Европа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Добро утро Србија“ на Хепи ТВ, додавајќи дека Заев не испорача ништо од ветувањата дадени пред македонските граѓани.
Македонија е најкриминална држава во Европа во моментов, на последното рангирање на Транспаренси Интернешнл Македонија е 111 место, што значи дека нема покорумпирана и покриминална држава од Македонија, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски истакна дека народот живее бедно и е разочаран и дека ако пред 5 години бевме најдобри по странски инвестиции, сега нема никакви.
- Во 2015 година на истата листа каде што сме сега најкорумпирани и најкриминални на 111 место, бевме најдобри на Балканот со најниска корупција и криминал и бевме околу 62 место, бевме подобри од Хрватска, Грција, Албанија, Бугарија. Што се однесува до инвестициите секоја недела се отвораше нова фабрика, а сега после 52 месеци влада на СДСМ не гледаме некој да инвестира, а дури домашните компании не го прават тоа, рече Мицкоски.
Воедно тој посочи дека власта е катастрофална на секое поле вклучително и со ковид пандемијата каде сме на врвот по починати луѓе во светот.
- Имаме катастрофа во справувањето со ковид пандемијата и можеби сме во топ 3 земји во светот кои се на врвот по починати од пандемијата. Во април и мај не бевме во можност прописно да се вакцинираме, затоа што немаше вакцини, а да не беа донациите од Србија и другите ни тие кои беше најпотребно да се вакцинираат немаше да бидат вакциниран, нагласи Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарскиот кредит за компаниите ќе придонесе за задвижување на економијата
-
Републиканката Луна бара портрет на Трамп да се постави на планината Рашмор
-
Уапсен хирург од битолска Клиничка болница за примање поткуп
-
Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија
-
Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
-
Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците
-
ЕСМ производство бара 20% поскапо парно