Македонија
8. March 2024 - 9:43

Мицкоски во посета на Виена

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со делегација предводена од потпретседателите Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како и стратешкиот соработник за меѓународна политика, Викторија Трајков се во посета на Виена, Република Австрија.

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, во текот на денот тие ќе остварат средба со Каролина Едстадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, потоа со Мајкл Отер, претседател на Стопанска Комора на Австрија и Александер Шаленберг, министер за надворешни работи на Република Австрија.

Претседателот Мицкоски со делегацијата денеска ќе оствари средба со македонските иселеници кои живеат во Австрија.