Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Устав со цел промена на името

ВМРО-ДПМНЕ останува на својата позиција од претходно, а тоа е дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име, изјави денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски по лидерската средба на која премиерот Зоран Заев ги информираше за текот на преговорите за името.
- Денеска за првпат бевме запознаени со предлогот, тој ќе биде претставен и презентиран пред органите на партијата и таа благовремено ќе ја инмформира јавноста, рече Мицкоски и додаде дека целокупниот процес бил воден во тајност и егзибиционистички.
Нагласи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет во однос на измена на Уставот.
- А предлогот, кој го претстави Заев предвидува промена на Уставот, односно име за севкупна употреба, додаде Мицкоски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

40-годишна жена смртно прегази 60-годишник: Дали со „Сејф Сити“ ќе се намали бројот на загинати во сообраќајки?
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
