Мицкоски: Владата дополнително создава тензија наместо да работи на стандардот на наставниците
Наместо да работи на стандардот на наставниците кои ги воспитуваат новите генерации, Владата дополнително создава тензија и ги прави да се чувствуваат некомотни во сопствената држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Истата оваа влада, поранешната министерка за труд и социјална политика и образование Мила Царовска, од говорницата на СДСМ во 2015 година држеше прес-конференции и велеше дека е загарантирано со Устав правото на штрајк на вработените во образованието и во градинките. Така што, срамно е однесувањето на оваа влада. Наместо да работи на стандардот на тие што ги воспитуваат нашите деца, кои ги гледаат нашите деца, да ги мотивира, таа дополнително создава тензија и револт и дополнително ги прави овие луѓе да се чувствуваат некомотни во сопствената држава, изјави Мицкоски при посетата на општина Илинден.
Според опозицискиот лидер, понудата на Владата, без писмен договор, за зголемување за 10 проценти на платите на наставниците и вработените во градинките во услови на големо поскапување на храната, нафтата и струјата е, како што рече, „да продолжи да краде и ненаменски да ги троши парите на граѓаните“.
-Она кое што го понуди Владата е да продолжи да краде и да ги троши ненаменски парите на граѓаните и понуди. Како што можев да разберам, усно 10 проценти зголемување на платата на наставниците и вработените во градинките без да има писмен договор, после некаков ребаланс на буџет којшто никој не знае кога ќе се случи и дали воопшто ќе се случи, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот