Мицкоски: Судството е партизирано, Груевски е жртва на политичка хајка
Преседан е одлуката на Кривичниот совет да ја одбие жалбата на Груевски. Со тоа уште еднаш се потврди дека судството е целосно партизирано и дека работи под стегите на Владата, а поранешниот премиер е жртва на хајка и политички прогон, рече актуелниот претседатл на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Алфа.
Во врска со писмата на Сашо Мијалков, Мицковски рече дека за него „единствен политички противник е криминалната влада превдоена од аболираниот премиер Заев.
-Остантите можат да лиферуваат лажни информации, да белфираат и шпекулираат, но јас ќе продолжам, да работам. Ианку, сите претседатели на ВМРО-ДПМНЕ се времени. И јас исто така. По мене ќе дојде некој друг, но прашањето е колку некој ќе биде на претседателската функција, а тоа најногу ќе зависи од граѓаните, не од една, две или три личности. Ако зборуваме дали некој може да ме загрози или не, таа опција е секогаш отворена. Но, за тоа треба да одлучуваат органите на партијата. Јас сум можеби првиот што побарал доверба од Централниот комитет и добив стопроцентна поддршка. Тоа прашање во овој момент за мене е затворена книга и не би ја коментирал повторно, истакна Мицкоски.
За Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Хелсинки на кој, покрај делегацијата што ја предводеше Мицкоски беа и разрешените членови на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, Петар Богојевски и Емилија Александрова, партискиот лидер рече дека делегацијата што ја предводел тој била официјалната, а другите биле само гости.
Мицкоски, како што рече, седум дена пред настанот во Хелсинки знаел дека во Македонија се подготвува медиумска хајка од еден центар – Владата на РМ.
-Знаев дека Канцеларијата на еден од министрите ќе се обиде да создаде лажна перцепција за некаква поделеност, за две делегации. Но, вистината е многу јасна. ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на ЕПП беше претставена од една официјална делегација со четири делегати кои учествуваа во работниот дел на Конгресот. Вреди да се спомне дека имаше околу 2.000 гости и меѓу тие, претпоставувам, се најдоа и спомнатите тројца. Јас имав жолт беџ, делегатите зелен, а гостите црвена, но тоа се формалности, рече Мицкоски.
Дополни и дека македонската јавност била сведок на приемот на официјалната делегација на ВМРО-ДПМНЕ, како и на конгресниот дел и на Самитот.
-Јас седев до претставникот на Украина. Можам да кажам дека не само што не бев изолиран, туку бев рамноправен учесник и соговорник со сите на масата, напомена лидерот на партијата.
На прашањето како ги коментира квалификациите на опозицијата дека е антизападно ориентиран, Мицкоски потенцира дека станува збор за небулози. Немам никаква дилема околу индината на Македонија, подвлече Мицкоски, иднината на Македонија се ЕУ и НАТО.
-Додека јас го стекнував образованието низ Западна Европа, Заев се уште занимаваше со „евро за ова-евро за она“. Не само што не сум антизападен, туку апсолутно верувам во западните вредности и ја гледам Македонија како дел од европското семејство и НАТО, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на ТВ Алфа.
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина