Мицкоски: Се плашам за бојкот од СДСМ и ДУИ во вториот круг, откога ќе ги видат резултатите во првиот
ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори зашто размислува за победа. Очекувам масовна поддршка за Гордана Силјановска-Давкова и таа е идниот претседател на Македонија, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски вечерва во интервју за 1ТВ.
-Повеќе се плашам за бојкот од СДСМ и ДУИ во вториот круг, откога ќе ги видат резултатите во првиот. Веднаш по поразот на претседателските избори СДСМ сакала-нејќела ќе мора да оди на предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.
Коментирајќи го договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за заеднички претседателски кандидат, одговори дека е убеден оти тој е „најмалку консензуален кандидат“.
– Тој кандидат е најмалку консензуален, туку заеднички кандидат поддржан од овие две партии за да го намали поразот на претседателските избори и кратко да ја продолжи политичката кариера на политичарите од овие две политички партии. Јас сум сигурен ако излезат со посебен кандидат ќе изгубат од Силјановска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
За учеството во процесот „Жан Моне“ посочи дека не го напуштаат туку го замрзнуваат во услови кога, како што рече, „имаме терор врз политичката група на ВМРО-ДПМНЕ“ и кога во Собранието има обид да се симне имунитетот на деветти пратеник од нивните редови и поранешни министри од нивната партија без докази. Го повика и премиерот на разговор за, како што рече, да се смират ситуациите и да се види како ќе се одвиваат работите.
Во однос на натамошното постоење на Специјалното јавно обвинителство, опозицискиот лидер рече дека такво тело е во интерес на граѓаните, но дека СЈО е алатка против ВМРО-ДПМНЕ.
-Во интерес на граѓаните е да проодолжи да постои тело кое ќе гони висок криминал во оваа дражава. Но не можеме да кажеме дека ќе поддржиме тело какво што беше СЈО и кое го води овој специјален јавен обвинител. Затоа што се користи како алатка против ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Трамп: Европа мора да плати за украинската безбедност; Макрон: Не смееме да ја жртвуваме Украина
-
Анкетната комисија за слободите и правата на граѓаните треба да расправа за аерозагадувањето, во петок седница закажа и Комисијата за здравство
-
Собраниска делегација предводена од претседателот Гаши, во официјална посета на Обединетото Кралство
-
На Попова Шапка утрово најстудено, температурата денеска од 6 до 12 степени
-
Манчестер Јунајтед ќе го намали персоналот и ќе ги затвори канцелариите ширум светот
-
Ким: Оружјето без идеологија е само „железен алат“
-
Македонија со победа над Полска ги заврши евроквалификациите во кошарка
-
Дамјан Стојановски стави крај на репрезентативната кариера