Мицкоски: Референдумот мора да биде обврзувачки и демократски
- Потпишаниот договор со Грција е капитулантски чин со кој е прифатен ултиматумот на Грција и сто проценти од нивните барања. Тој ја обврзува само Македонија, а не и Грција. Ќе поддржиме референдум, само ако тој е обврзувачки и демократски. Ако биде незадолжителен, партијата нема да го признае како волја на народот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски.
Тој во интервјку дадено за Алсат ТВ вели дека има многу причини поради кои договорот е капитулантски. Прво, посочува, не се знае што ќе се случи ако Грција не ги испочитува обврските и рокот во кој тоа треба да го направи. Потоа, се ратификува со 69 пратеници, а за да се реализира потребни се уставни измени за кои пак треба двотретинско мнозинство. И трето, рече, прашање во име на чија земја министерот за надворешни работи Никола Димитров го потпишал договорот.
Мицкоски дека договорот излегол надвор од рамки на резолуцијата на ОН во која, како што рече, јасно се вели дека се разговара за разликите што Грција ги има во врска со нашето уставно име, а не за идентитет и јазик, нешта, што рече, се одамна стекнати, а сега се губат.
За тоа дека договорот е капитулантски, вели, говорат и изјавите на грчките официјални лица, меѓу кои и на Премиерот Алексис Ципрас дека добиле максимум со вметнување придавка северна пред Македонија.
На прашањето дали е против НАТО и ЕУ, со оглед дека без дововор нема членство во овие организации, тој вели дека не треба да се повлекуваат такви паралели. ВМРО-ДПМНЕ, потенцира, секогаш е за остварување на овие стратешки цели, но не по цена на капитулација. Договор можеше да има, смета Мицковски, но, не ваков туку онаков во кој Македонија би добила повеќе, а не би дала 100 проценти како сега.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека 100 отсто е сигурен дека ниту еден од пратениците од коалицијата што ја предводи опозициската партија нема да поддржи импичмент за претседателот Иванов. Според него, премиерот и лидер на владејачката СДСМ не може да собере двотретинско мнозинство за импичмент на претседателот.
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
