Мицкоски: Расте македонскиот извоз, повеќе пари за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека растот на извозот во мај годинава е одлична вест за македонската економија и ќе значи повеќе пари за македонските граѓани.
- Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44 проценти во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија. Бележиме и раст на македонскиот извоз во првите пет месеци од 2025 година, во периодот јануари-мај, македонскиот извоз порасна за 3,15 проценти во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1 процент, наведува Мицкоски денеска во објава на Фејсбук.
Тој потенцира дека поголем извоз се повеќе пари за македонските граѓани. Посочува дека после месеци и години пад, има конечно раст за македонската економија.
- Расте туризмот, расте БДП, расте индустриското производство, растат инвестициите, расте извозот…, богата Македонија е силна Македонија! Оваа година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!, наведува Мицкоски.
Како што објави Државниот завод за статистика (ДЗС), вкупната вредност на извозот на стоки од земајава, во периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 3 347.7 милиони евра и бележи пораст од 3.2 проценти во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока, пак, е 4 693.5 милиони евра, што е за 1.0 проценти повеќе во споредба со претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – мај 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.7 % во вкупната размена.
Ново на Сител
-

Охриѓанец починал откако проготал опаковка со дрога за да не го фати полиција
-

Почина пејачката Бони Тајлер
-

Апел за помош за Ристо Живковиќ, татко на три деца: Потребни се 90.000 евра за операција на тумор на мозокот
-

По 19 години, нова уредба за квалитет, само горивата што ги исполнуваат стандардите ќе може да се пласираат на пазарот
-

Уркиза: Македонија е важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал
-

Трамп: Иран контактираше со нас, очајнички сакаат да постигнат договор
-

МФ: Нови правила за подарувања со Законот за игри на среќа - задолжителна дозвола и утврдени услови за организирање
-

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата
