Мицкоски: На Македонија и треба нов 8-ми Септември, нова надеж, национално и сеопштествено обединување
– На овој ден народот во огромно мнозинство одлучи дека сака да живее во своја независна, слободна и суверена држава. Пред 31 година народот имаше ентузијазам, енергија и надеж. После 31 година и поминати голем број на премрежја, предизвици, падови одново се наоѓаме пред крстопат и нови предизвици, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитка по повод 8-ми Септември – Денот на независноста.
Овој пат, како што посочува, со многу помала надеж и ентузијазам поради лошото искуство низ годините. Имаме земја заглавена во исполнување на стратешките цели, децениско чекање за промени, отсуство на реформи, лош стандард, висок степен на корупција и уште поголема сиромаштија. Граѓаните ги делат истите страдања, истите маки.
-Македонецот знае да ја препознае тежината на времињата и да го избере патот кој е правичен, сигурен и носи просперитет и иднина. Сега повеќе од било кога се потенцирани предизвиците во форма на негација на македонскиот народ, идентитет, јазик, историја и култура. На Македонија и треба нов 8-ми Септември, нова надеж, национално и сеопштествено обединување околу заложбата за подобра иднина и зачуван идентитет. Како што на 8-ми Септември победи мислата за независна, суверена и самостојна Македонија, така и на претстојниот референдум ќе победи Македонија, вели Мицкоски.
Овој референдум, како што истакнува Мицкоски, ќе ја зацврсти Македонија и сите ние заедно ќе докажеме дека сме достојни на нашите предци и способни да им ја оставите државата просперитетна на нашите деца.
-Затоа е многу важно сите без разлика на националност, религија и политичка партија да се обединиме и исто како на 8-ми Септември 1991 година. Јас сум цврсто уверен дека македонскиот народ, заедно со Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати има и сила и мудрост да го помине и ова премрежје пред кое се наоѓаме, напиша претседател на ВМРО-ДПМНЕ во честитката.
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
