Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица

Хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ на 12 февруари 2026 година ќе биде домаќин на првиот меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“.
Маршот се одржува по повод роденденот на Кети Милковска која трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Настанот ќе собира граѓани од Македонска Каменица, како и родители и пријатели од Кочани, кои заедно сакаат да го зачуваат споменот за Кети.
-Програмата започнува во 14:00 часот пред Соборниот храм „Богородица“, каде ќе се палат свеќи и ќе се одржи молитва во чест на младата девојка. По ова, учесниците ќе се упатат кон автобуската станица, ќе продолжат низ главната улица и маршот ќе заврши во Културниот дом, каде ќе се одржи говор посветен на Кети Милковска, се вели во соопштението од организаторите.
Настанот носи и силна порака за зачувување на сеќавањето на младите животи и поддршка за семејствата погодени од трагични настани.
-Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на маршот, да и оддадат почит и да испратат порака дека Кети никогаш нема да биде заборавена. Со овој марш, хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ не само што оддава почит на Кети Милковска, туку и ги потсетува сите на важноста на сеќавањето, солидарноста и заедништвото.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
