Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одржа инспиративен говор на свеченоста на која беа доделени национални признанија за врвни спортски достигнувања, упатувајќи силна порака за вредноста на трудот, истрајноста и љубовта кон татковината.
„Денес не зборуваме само за спорт. Зборуваме за пожртвуваност, за истрајност, за достоинство и за љубов кон татковината“, рече премиерот, нагласувајќи дека доделувањето на признанија е повеќе од формалност – тоа е длабока, искрена и заслужена почит за животен подвиг.
Мицкоски истакна дека овие признанија се чин на враќање на долг на оние кои ги претворија своите соништа во резултати, а резултатите – во национална гордост. „Тоа се луѓе кои не барале ништо, а дадоа сè“, порача тој.
Премиерот најави дека ова е почеток на нова политика и систем на вредности, во кој спортот не е само натпревар, туку образец за животот. Признанијата се доживотни и, како што рече, претставуваат конкретен израз на благодарност, а не само симболика.
„Овие 22 признанија се само почеток. Почеток на една нова политика во која успехот нема да се заборава, а вложениот труд ќе се вреднува со почит. Државата која не ги цени своите херои, полека ја губи својата душа“, истакна Мицкоски.
На крајот, тој им порача на младите спортисти дека Македонија ќе биде тука за нив: „Ќе ве препознае, ќе ве поддржи и, во рамките на своите можности, ќе ви се оддолжи – како што денес им се оддолжуваме на оние кои веќе го испишаа своето име со златни букви.“
Свеченоста заврши со пораката дека државата ќе продолжи да вложува во спортот и во систем што ќе го вреднува секој успех.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор