Македонија
29. July 2024 - 16:38

Мицкоски: Иднината не е во поделби, ја имаме МАНУ

МАНУ е единствената институција каде се слеани и  научната мисла и научниците од сите етнички заедници - за премиерот Мицкоски идејата на коалициониот албански партнер е неприфатлива. Но вели ваквите различни ставови не се причина за несогласувања во коалицијата.

Вицепремиерот Меџити пак не отстапува од идејата за паралелна институција. Албанците морале да имаат место каде ќе се почитува нивната научната мисла. Иако во МАНУ има членови и албанци, па дури и потпретседател, што е видливо и на сајтот на институцијата, Меџити вели тоа не било точно – немало вработено ниту кафекуварки.

Науката не се етнизира., тврди министерот Таравари. Според него ова било програмска определба уште од предизборието

Против отворање на нова албанска академија е и опозицијата. Велат МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етникуми.

МАНУ треба да биде институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби. Ова е нешто што се случуваше во минатотo.Но, она што треба јавноста да го знае е што Мицкоски ветил пред формирањето на Владата во однос на ова барање на ВЛЕН?

Коалицијата ВЛЕН преку здружение најави дека со Акдемијата ќе поттикнуваат научни истражувања, а во првата фаза ќе ја финансиираат општини се додека не се изнајде решение да биде под државна капа. Етничкиот предзнак бил поради тоа што Албанците ретко стигнувале до државната МАНУ.