Мицкоски: Експертски закон за ЈО, а не закон кој треба да го спаси Заев од одговорност
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот експерти од Правниот факултет да го напишат новиот Закон за јавното обвинителство. Опозицискиот лидер Мицкоски утрово на социјалните мрежи уште еднаш побара, при изготвувањето на новиот Закон за ЈО, државата да се води од интересите на граѓаните, а не оди интересите на Заев, кој како што вели Мицкоски ќе стори се за да се спаси од одговорност.
„Законите треба да бидат напишани од стручната фела, од луѓе чиј интерес е само интересот на граѓаните а не интересот на Заев да се избега од одговорност. Македонија е земја на нејзините граѓани, а не само земја на една мала група на луѓе, одредено семејство, било тоа Заеви или некое друго. Како држава не смееме повеќе да грешиме. Го немаме тој луксуз ниту пак граѓаните го даваат тоа право. Само така Македонија ќе има иднина.“ – напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Тој вчера на прес конференција предложи 6 професори од Правниот факултет во Скопје кои би работеле на нов Закон за обвинителството кој како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати.
Екс премиерот и лидер на СДСМ го одби овој предлог. Според Заев, земјава нема време неколку месеци да изготвува нов закон, бидејќи како што рече, Европа чека резултати. Спроед Заев, треба да се искористи периодот и да се даде аргумент плус на Брисел за одлука за старт на преговорите.
Законот за јавното обвинителство до крајот на неделава треба Владата и официјално да го испрати до Собранието. Власта се надева дека ќе собере 80 пратеници, колку што се потребни за негово донесување, поради што се водат интензивни преговори, пред се со пратениците кои добија црвен картон во ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот