Мицкоски: ДУИ прави трајна штета во односите меѓу Албанците и Македонците во Македонија
Факт е дека единствен којшто вистински почнува да преговара со ЕУ е Еди Рама и Албанија. Македонија ќе оди да се исликаат таму нашиве политичари и повторно ќе не седнат на магарешка клупа во ходникот и ќе ни речат уште малце да ја дозавршите вашата домашна задача па после ќе ве вратиме назад во просторијата, изјави вечерва во Тема на денот на Сител Христијан Мицкоски.
-Сакам една работа да кажам. Оваа генерација водство во ДУИ прави трајна штета во односите меѓу Албанците и Македонците во Македонија. Ова ќе има голема меморија. Тие ги предадоа интересите на Македонците и направија пакт со Бугарите за асимилација на Македонците. Раководството на ДУИ прави трајна штета. Ова ќе остане во колективната меморија на македонскиот народ. 75% најмалку Македонци се против овој договор.
Мицкоски вели Османи си ја постигнал неговата цел.
-Целта Бујар Османи си ја постигна, а тоа е една, ние нема да почнеме преговори, Албанија ќе почне преговори. Прво беше целта да имаме обединување на Македонија и Албанија, се сеќавате уште во 2000-та година кога го потпишувавме договорот за стабилизација и асоцијација ни Хрватска не го беше потпишала, па заедно станавме со Хрватска како да кажам кандидати. Па испаднавме од таа група и влеговме во групата со Црна Гора и Србија. Па испаднавме од таа група и влеговме со Албанија и сега конечно испаѓаме и со Албанија. Албанија ќе си продолжи, а ние најверојатно ќе чекаме некои подобри времиња, можеби Косово, Босна и Херцеговина или пак некоја друга држава која што се уште ги нема заокружено своите независности односно државности, појасни Мицкоски.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата