Мицкоски до кумановци: Дали живеете подобро и што е она што СДСМ изминативе 30 години добро го има направено?
„Прашањето кај секој еден кумановец, кој што треба да си го постави е дали живеете подобро. И што овие луѓе направија изминатите 30 години за вашето Куманово, за нашата Македонија? И дали тоа што го направија е доволно за да ние на 17-ти октомври излеземе и го дадеме гласот за нив или пак излеземе на 17-ти октомври и гласаме за човекот кој што денеска наброја онолку проекти колку што тие во 70 години половина немаат реализирано“, ги запраша граѓаните Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Куманово.
Мицкоски додаде дека тој е убеден дека 17-ти октомври кумановци ќе го изберат Тони Михајловски, ќе го изберат бројот 7, за тоа што кумановци овој пат се решени за промени, решени се за проекти и решени се за победи. Време е да се создаде нова подобра иднина за Куманово.
„Граѓани вие најдобро знаете дека волкот влакното го менува, но карактерот не. Доста е од овие политичари, нам ни треба нова иднина. Овие избори се шанса за промени, шанса за подобро утре. Многумина деновиве ми го поставуваат прашањето што е за тебе Христијан победа. Ќе се обидам во неколку реченици да кажам што е за мене победа. Победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи, победа е кога грешиме, ќе се извиниме, ќе се корегираме, и ќе продолжиме понатаму. Победа е да се почитуваме и тогаш кога сме различни, победа е да создадеме вредности, принципи, да има одговорност кога треба“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека победа исто така е кога треба да се создава, да се работи, и да се оди напред. Победа е кога се има исти цели, а целта е Македонија да влезе во ЕУ, децата да го живеат европскиот сон и да имаат квалитетно образование.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна дневница или никој
-
Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка
-
Папата Франциск ја отвори „светата врата“ во затвор на периферија на Рим
-
Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа
-
Раст на БДП над 4 отсто во следните четири години, целосна реализација на капиталните инвестиции и рационализација на буџетските расходи, бара бизнисот
-
Студентски протести во Нови Сад: Властите треба да се плашат од народот, а не обратно