Мицкоски: Дали и колкава е одговорноста на градоначалникот, ќе утврди oбвинителството
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање дали градоначалникот на Кочани ќе сноси одредена одговорност во врска со пожарот во дискотеката, најави дека истражните органи во текот на денот ќе ги проверат сите документи во Општината. Тој е на ставот дека никој нема да се заштитува и секој кој има каква било вина во врска со настанот, ќе одговара.
-Дали и колкава е одговорноста на градоначалникот, ќе утврди Обвинителството. Градоначалникот во својата оставка напиша дека стои на располагање за се. Не бега. Тука е. Денеска, колку што јас знам, истражните органи ќе влезат и во Општината. Ќе ги проверат сите документи. Ако вие сега пледирате дека тој е ВМРО-ДПМНЕ, па ние го штитиме, не, се лажете. Никого нема да штитиме. Свети ВМРО да биде, и јас да сум, родена сестра, брат да ми е, ќе одговара ако има каква било вина, изјави Мицкоски по посетата на повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани во ГОБ 8 Септември Скопје.
Како што посочи, кривична одговорност ќе има за сите, но не треба да се шпекулира, или да се креираат информации кои се косат со вистината.
-Кривична одговорност ќе има за сите. Ако е потребна морална или политичка, удрете на мене. Јас сум тука, јас ќе се сносам со сиот предизвик, но прво ќе ги поразам како што многу пати сум ги поразил, а потоа на избори граѓаните ќе судат дали и кој треба да сноси одговорност. Само ве молам да не шпекулираме, да не креираме информации кои што немаат никаква врска со вистината. Свети ВМРО да е, ако направил грешка ќе одговара. Тоа сме го покажале и докажале во овој период, додаде Мицкоски.
Претходно, од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата дека денеска во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“.
Од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда.
Ново на Сител
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тошковски: Заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во „Пулс“
-
Намален бројот на повредени хоспитализирани во земјата и странство нема транспорт на повредени надвор од државата
-
Итна и првична помош од 2.500 евра за сите засегнати од пожарот
-
Обдукцијата покажа дека 59-те лица починале од задушување со јаглероден моноксид во дискотеката во Кочани
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени