Мицкоски: 100 дена Влада со секојдневни загуби
Пропадната банка, 1400 жртви на корона вирусот, илјадници загубени работни места, економија во рецесија, поскапа струја, земјоделци на протести и вето на патот кон Европската Унија. За изминатите 100 дена на оваа влада има само еден збор а тоа е фијаско, рече опозицискиот лидер на денешната прес конференција.
За најавената лидерска средба, Мицкоски вели дека на неа ќе присуствува само ако покана дојде од кабинетот на Премиерот.
Мицкоски рече дека Македонија се наоѓа во најлоша ситуација од своето осамостојување до денеска и ги повика граѓаните на обединување за спас од како што рече оваа криминална и неспособна власт. Во периодот кој следи, Мицкоски најави дека опозицијата има план за политичко делување а меѓу првите чекори ќе биде поднесување на интерпeлaција за работата на вицепремиерот Никола Димитров.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
