Loading Video...
Спорт плус
29. јуни 2022 - 19:59

МИ: Златен медал за Нуров бронзен за Егоров

ЖИВО 

Блесок на борачите од Македонија на Медитеранските игри во Алжир. Нуров освои златен медал додека со бронзен медал се закити Владимир Егоров. 

Македонија на игрите во градот Оран е застапена во 10 спорта од кои два екипни и со право најавуваше подобри резултати од пред четири години во Тарагона.  Првата голема радост за нашата земја ја обезбедија борачите.  Голем успех постигна Магомедгаџи Нуров кој во категоријата до 97 килограми во слободен стил го освои златниот медал откако во финалето беше подобар од Турчинот Фејзула Актурк. 

Успехот е доколку поголем  бидејќи Нуров лошо го започна мечот со негатива од 3 поени но во продолжението  влезе во ритам и  успеа 

да освои четири поени што му ја донесе победата во последната секунда од мечот. 

Претходно македонскиот борач беше подобар од борачите од Тунис, Алжир , Шпанија и Египет. 

Успехот на нашата земја го дополни Владимир Егоров кој успеа да освои бронзен медал во категоријата до 69 килограми со победата над Алжирецот Хербаче.