Македонија
12. July 2016 - 12:16

МФ го осуди оштетувањето државен имот на синоќешните протести

Министерството за финансии го осудува вчерашното однесување на учесниците во протестите организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ при што фасадата на зградата беше оштетена со боја.

- Министерството за финансии го почитува неприкосновеното право на граѓаните за мирен протест, но го осудува вандалското однесување на поединци кои оштетуваат државен имот изграден со парите на граѓаните на Република Македонија, стои во реакцијата на Министерството за финансии.