Македонија
23. December 2015 - 16:10

МФ демантира дека не се дадени согласности за вработување во градинката „Кочо Рацин“

Министерството за финансии ги демантира тврдењата на општина Центар дека не се дадени согласности за вработување на персонал за градинката „КочоРацин”.

- Барањето за согласност од Општина Центар преку Министерството за труд и социјала до Министерството за финансии е доставено на 10 декември. Министерството за финансии во законскиот рок од 30 дена одговори позитивно на барањето, односно издаде согласност за вработување на 11 лица - воспитувач, негувателки, хигеничари, готвач и помошник готвач, наведуваат од Министерството за финансии. 

Во демантот додаваат дека не ја гледаат причината за реакција на Општината во медиумите.