Македонија
14. March 2025 - 16:57

Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза

Што ако министерот Фатмир Лимани наскоро добие американска виза? Премиерот очекува министерот за социјала сепак да добие дозвала за да може да отпатува во Соединетите Американски Држави, иако панелот во Обединетите Нации на кој требаше да се обрати веќе се случи во вторникот.

Сепак премиерот не даде конкретен одговор дали одбивањето на Лимани за американска виза може да влијае во односите Скопје – Вашингтон, ниту дали побарал објаснување од министерот зошто е одбиен.

-Односите помеѓу Администрацијата на претседателот Трамп, помеѓу луѓето од администрацијата во амбасадата тука и Владата е на едно ултра-високо ниво. И јас не би избрзувал со заклучоци околу визата. Да почекаме... Што ако добие наскоро? Тогаш што правиме? Тогаш што ќе се случи?, вели Мицкоски. 

Вчера американската амбасадорка во Македонија не сакаше да даде детали зошто Лимани е одбиен за американска виза поради строгите Закони за приватност во САД. Рече дека причините му биле појаснети нему и побара објаснување да побараме од министерот.

Лимани најави дека дури во вторник на 18 март ќе излезе на прес-конференција за да објасни зошто бил одбиен. Претходно, во кратка објава на Фејсбук рече дека причината била некаква услуга која тој ја завршил за првиот човек на ДУИ и негов роднина, Али Ахмети. Услугата била спротивна на правилата во меѓународното право. 

Опозициските партии веќе оставка од Лимани, но и детално објаснување зошто е одбиен од американската амбасада во земјава.