-->
-->
„Метафори на постоењето“ - изложба на уметници од Македонија и Полска во Велес
-->
Во организација на Народниот музеј синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата насловена „Метафори на постоењето“ на ликовните уметници од Македонија Стојче и Емилија Тоциновски, и нивните колеги од Полска, брачните парови Олга Лалич Кравицка и Камил Кравицки, Јаина Смола и Марин Смола и Јакуп Неиџела.
Тие во Велес се претставија со 18 дела со различни изработки и техники: акрил на платно,фотографија,цртеж и компјутерска графика.
Како што појасни ликовниот уметник Стојче Тоциновски, тој и сопругата Емилија Тоциновска која исто така е ликовен уметник, заедно творат веќе три години.
- Ние работиме во техника акрил на платно, а специфично за нас е и тоа што двајцата заедно работиме на едно платно, исто како да работи една рака. На нашите минијатурни платна се изработени пејсажи кои се стилизирани и апстрахирани, веле Тоциновски.
Инаку изложбата првично во декемви беше отворена во КОРА при Домот на градежници во Скопје, а по Велес, во наредните месеци се во преговори да ја презентираат и пред ликовната јавност во Полска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени