Фудбал
14. January 2019 - 8:43

Меси е вонземјанин: Аргентинецот урна неверојатен рекорд

Лионел Меси е чудо! Вонземјанин! Аргентинецот вчера ја затресе мрежата на Еибар, со што го постигна 400-тиот гол во спанското првенство,

Се подразбира дека е првиот на кој тоа му успеало.

Сите голови ги даде во дресот на Барселона, кој го носи во текот на целата кариера. За првиот тим дебитираше во 2004 година.

За Меси ова беше 17 погодок оваа сезона, а има и 10 асистенции,

Барселона на „Ноу Камп“ го совлада Еибар со 3:0 (1:0) во натпреварот од 19. коло, а двоен стрелец беше Луис Суарез.

Уругваецот головите ги даде во 19. и 59. минута, додека Аргентинецот погоди во 53. минута.

Шампионот на Пшанија на врвот на табелата има 43 бодови, пет повеќе од вторпласираниот Атлетико Мадрид.

Еибар е во групата тимови од 12. до 16. место со 22 бода.