Мешани патроли синоќа во обиколка во Крива Паланка
Полициски службеници, родители и членови на локалниот совет за превенција од Крива Паланка синоќа извршија обиколка на најпосетуваните места во општината каде во ноќните часови се задржуваат младите.
Во координација со локалната самоуправа, меѓуопштински центар за социјална работа, Црвен крст и родители членови на совет на родители при образовните институции,во Полициската станица од општа надлежност се разгледуваше и дискутираше за безбедносната состојба во градот.
– Посетивме повеќе јавни места во градот, градскиот парк, објекти на музичко училиште,градинка, гимназија, ОУ „Илинден”, каде во ноќните часови се собираат и задржуваат групи малолетници.Обиколка е направена и на повеќе угостителски објекти во кои се забавуваат малолетни лица и каде најчесто можат да бидат под влијание на пороци, информира Стојмир Стефановски од ПС ОН Крива Паланка.
Целта на мешаните патроли е да се запознаат родителите и останатите институции со однесувањето т.е. поведението на малолетните лица.
– Главната цел на оваа активност е да се подигне свеста кај родителите за начинот на кој малолетниците по напуштањето на домот во вечерните часови заради забава и разонода го минуваат слободното време, додаде Стефановски.
На овој начин полициските служби и надлежните институции работат на спречување девијантно однесување на младите за време на летниот распуст, пракса која се реализира во текот на летната туристичка сезона.
Ново на Сител
-
“Спорните” договорци на Токсикологија незаконски добиле плата само со потписот на Бесија Иљази
-
Кога Клинички ќе добие нова компресорска станица?
-
Поскапува струјата?
-
Преглед на вестите од светот
-
Комисијата ги предложи Милошоски, Митрески и Бендевска да бидат нови потпретседатели на Собранието
-
УГД-Штип дел од Европската универзитетска алијанса
-
Герапетритис од Скопје: Важно е да се гарантира европскиот пат на земјите од регионот
-
Петар Арсовски - гостин во Тема на денот