„Мерцедес“ удрил во моторцикл и го напуштил местото, двајца повредени
Две лица кои се возеле на мотоцикл се повредени, од кои едното потешко, во сообраќајна несреќа ноќеска околу два часа по полноќ, во Скопје, откако возач на „Мерцедес“ удрил во нив и го напуштил местото на несреќата.
Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 01:38 часот ноќеска на бул. „Гоце Делчев“, во близина на крстосница со улицата „Лазар Личеновски“.
- Патничко возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрил во мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(33) од Скопје, по што го напуштил местото. Од ударот возачот Б.С. и сопатникот Б.О. (33) од Скопје се здобиле со повреди и со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Кај возачот Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатникот Б.О. биле констатирани телесни повреди, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза