Меморандум за соработка меѓу македонската и молдавската федерација на фармери
Меморандум за партнерство и соработка меѓу Федерацијата на фармери на Република Македонија и и Националната федерација на фармерите на Молдавија денеска во Кишињев потпишаа претседателите на двете федерации Никола Стаменов и Валериу Косарциук. Организациите со Меморандумот се согласија да влезат во партнерство со цел да се придонесе за подобрување на економската состојба на мали и средни земјоделци во Молдавија и во Македонија преку градење на нивните менаџерски и маркетинг капацитети и подобрување на трансфер на знаење, размена на искуства, добри практики, експертиза..., соопшти ФФРМ.
Оттаму информираат дека една од целите на Меморандумот е зголемување на благосостојбата на руралното население и развој на земјоделството во контекст на усогласување на законодавството, подобрување на соработка и трансфер на добри практики меѓу фармерите од Македонија и Молдавија; пренесување на искуства и добри практики меѓу Македонија и Молдавија; зголемено присуство на нашиот агро-производи на во Молдавија и обратно.
- ФФРМ и НФФМ се согласија да се организира конгрес на почетокот на следната година за формирање на платформа на земјоделски организации од Југоисточна Европа и да се испрати порака до ЕУ дека овие земји, исто така, се дел од ЕУ, а не држави каде што голем дел од населението мигрира во европските држави, но, исто така и како земји на кои им треба поддршка од ЕУ за економски развој, особено земјоделството како главна сектор во овој дел од ЕУ, каде што се произведува храна и да се воспостават добри односи со ЕУ и еден ден да станат членови на семејството на ЕУ, се вели во соопштението од ФФРМ.
Ново на Сител
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО