Мексико: Демонстрантите против судските реформи насилно влегоа во Сенатот
Сенатот на Мексико ја продолжи расправата за контроверзните судски реформи на алтернативна локација, откако демонстрантите упаднаа во салата на Сенатот среде седницата.
Демонстрантите насилно влегоа во зградата на Сенатот додека траеше дебатата, со што ескалираа неколкунеделните масовни протести против реформите, за кои критичарите стравуваат дека може да го поткопаат владеењето на правото во земјата.
Дебатата продолжи во 19 часот по локално време, откако беше преместена на поранешната локација на Сенатот, во зградата Ксикотенкатл.
Претходно во текот на денот, претседателот на Сенатот Хозе Херардо Фернандез ја прекина седницата и побара од пратениците да останат мирни бидејќи демонстрантите ги преплавија горните катови на салата, извикувајќи „предавници“ спротивставувајќи се на реформите.
Главните трговски партнери на Мексико, САД и Канада, предупредија дека промените би можеле да го поткопаат трговскиот пакт на трите земји и негативно да влијаат на инвестициите.
Основата на уставната реформа, предложена од претседателот во заминување, Андрес Мануел Лопез Обрадор, се директни избори со гласање од народот за повеќе од 6,500 судии, вклучувајќи го и Врховниот суд.
Со реформата се предлага и намалување на бројот на судии од Врховниот суд од 11 на девет, скратување на мандатот на 12 години и намалување на потребниот работен стаж од 10 на пет години.
Лопез Обрадор и новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум силно се залагаат за реформите како клучни за да се бара одговорност од судиите и да се намали корупцијата.
Критичарите ги нападнаа како концентрација на моќ од страна на владејачката партија.
Ново на Сител
-
Министерот за транспорт и уште 10 лица уапсени во Нови Сад
-
Автобусите на ЈСП не возат, а тоа создава сообраќаен хаос
-
Собраниска седница со пратенички прашања
-
Агелер: Постојано се разгледуваат нови имиња за црната листа на САД
-
Граѓанските организации бараат државата да не крати средства од превентивните програми
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николовски
-
Премиера на тетарска претстава во МНТ