Свет
5. јуни 2017 - 14:35

Меј ја продолжува предизборната кампања

Британската премиерка Тереза Меј денеска повторно ја започнува предизборната кампања за изборите што се закажани за во четврток на 8 јуни, откако анкетите покажаа дека нејзината предност е многу помала од тоа што беше предвидено. 

Меј истакна дека Велика Британија мора да биде одлучна при искоренувањето на исламскиот екстремизам. 

- Насилството никогаш не смее да ги наруши дипломатските постапки, нагласи Меј, додавајќи дека ставот на Владата на Велика Британија кон екстремистите бил премногу „благ“. 

Претходно, британските политичари ја прекинаа предизборната кампања поради нападот што се случи во саботата во Лондон, при што беа убиени седум лица.

Ново на Сител