Мехмедовиќ: За четири дена вакцинирани повеќе од 220 деца во Скопје
Во текот на изминатите четири дена повеќе од 220 деца се вакцинирани во пунктовите за вакцини на Здравствен дом Скопје. Тие не биле вакцинирани, а одредени ја примиле и ревакцината, што е дополнителен број кој ја зголемува бројката од 220, изјави денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ.
Во однос на тоа дека е прогласена епидемија на морбили на која треба да се фокусираме, посочи ги отвориле пунктовите за вакцинирање каде било за граѓаните на град Скопје.
– Доволно вакцини секогаш има во диспанзерите. Комуникацијата со Министерството за здравство, кое е главен снабдувач на вакцини е одлична. Проблемот е во тоа што има тешки антивакцинални кампањи кои пред се ги демотивираат граѓаните односно родителите да ги вакцинираат своите деца, рече Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на дежурните пунктови за деца кои ќе почнат да функционираат од 1 јануари во поликлиниките во Бит Пазар, „Јане Сандански“ и во Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?