Меѓународна научна конференција „Македонија: историја, јазик, култура“
Три научни институти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Институтот за национална историја, Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, заедно со Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“, по повод 70-годишнината од завршувањето на граѓанската војна во Грција организираат меѓународна научна конференција насловена „Македонија: историја, јазик, култура“.
Научната конференција што ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков“, ќе биде еднодневна и ќе биде поделени во три тематски целини: историја и образование, јазик и литература и култура и политика.
Се очекува научната конференцијата да ја отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф д-р Никола Јанкуловски.
Ново на Сител
-
Едриличарите бараат да се укине забраната за пловење ноќе
-
Како до рурален развој
-
Парада на гордоста
-
Почна расправата за новата влада
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Почна расправата за избор на новата влада
-
Високите температури направија хаос на Задушница: Луѓето со часови чекале автобус за да отидат на гробишта
-
Се води битка со пожарите