Македонија
23. јуни 2024 - 16:39

Едриличарите бараат да се укине забраната за пловење ноќе

Трката со формули на вода на Охридско Езеро откажана.По жестоките реакциите од страна на 40 граѓанските активисти ,екологисти од Македонија и Албанија и од Унеско планираниот настан  за јули кај Поградец нема да се одржи .Тие алармираа дека тоа би значело нарушување на еко системот и културното значење.

Граѓанските активисти велат дека се за економски развој и туризам, но не по цена на губење на универзалните вредности на Охридското Езеро.

Според покренувачите на иницијативата за спречување организација на таквниот настан, за време на самата трка во водата и во воздухот за само неколку дена ќе бидат ослободени штетни гасови еквивалентни на оние што ги испуштаат моторните возила како на брегот така и во водата во текот на цела календарска година.