Меѓународен симпозиум за хередитарен ангиоедем
Меѓународен симпозиум за хередитарен ангиоедем ќе се одржи денеска на Медицинскиот факултет во Скопје, во организација на Македонското здружение за алергологија и клинички имунологија.
На овој стручен собир за хередитарен ангиоедем, ќе учествуваат еминентни експерти од земјава и странство, меѓу кои проф. д-р Тимоти Крег од американскиот Пен универзитет, проф. д-р Марко Кикарди од Универзитетот во Милано, проф. д-р Анастасиос Герменис од Универзитетот Тесалија во Волос, проф. д-р Авнер Решеф од Универзитетската болница Барзилаи во израелскиот град Ашкелон, проф. д-р Тереза Кабаљеро од Универзитетската болница во Ла Паз, Боливија и проф. д-р Весна Гривчева - Пановска од Медицинскиот факултет.
Хередитарен ангиоедем е заболување од т.н. група на ретки болести кое претставува мутација на генот што го контролира создавањето на крвниот протеин Ц1-инхибитор, поради што се создаваат отоци на телото. Станува збор за заболување кое не можете да се забележи во секојдневието кај лицата, бидејќи нема никакви физички или ментални последици, освен во случај на напад, кој се манифестира со појава на отоци на разни делови на телото, кои може да се појават внатрешно или надворешно. Нападите можат да бидат и животнозагрозувачки доколку се појават во делови на грлото или други органи кадешто може да дојде до затнување на дишните патишта.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово