Меѓународен фолклорен студентски фестивал во Карпош
На плоштадот „Делфина“ во скопската населбата Влае, синоќа почна 38-миот Меѓународен фолклорен студентски фестивал, што го организираат КУД „Мирче Ацев“ и општина Карпош.
Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
- Ми претставува огромно задоволство, што нашите културно-уметнички групи, но и фолклорните групи од соседството, како и од другите европски земји се тука, да ја презентираат и пренесат својата автохтона етнокултурна традиција, рече Јакимовски.
На фестивалот учествуваат културно- уметнички групи од Македонија, држави од соседството и Европа. На синоќешното отворање пред публиката, покрај македонските играорци, со свои танци и традиционални ора, се претставија и културно –уметничките друштва од соседна Бугарија, како и од Полска.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток