Мег Рајан со нов „непрепознатлив“ изглед
Откако подолго време не се појавуваше на јавни настани, американската актерка Мег Рајан синоќа беше забележана на Модната недела во Париз.
Нејзините фотографии снимени на ревијата на Жорж Шакр, предизвикаа голем број коментраи, но и критики на дел од обожавателите.
Педесет и тригодишната Мег доби многу пофалби за витката линија која ја истакна нејзиниот црн фустан со тантела, но и критики, бидејќи поради големиот број пластични операции на лицето, актерката, според многумина, изгледа „непрепознатливо“.
Познато е дека Рајан сака естетски зафати, а првпат јавноста остана шокирана од нејзиното „замрзнато лице“ кога кралицата на романтичките комедии се појави на филмскиот фестивал Таормина во Италија пред две години, каде ја прими наградата за животно дело.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ