Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030.
Меџити нагласи дека Програмскиот пакет содржи намалување на емисијата на честички од домашни ложишта, намалување на емисијата на честички од јавни објекти, институт за квалитет на амбиентниот воздух, намалување на емисијата на честички од индустриските процеси, палење на недозволени гориви материјали, зеленило и шуми, намалување на емисии од транспорт, управување со емисиите.
Потенцира дека во програмскиот пакет опфатени се главните области кои влијаат на квалитетот на воздухот, а тоа се енергетиката, индустријата, транспортот, земјоделството, шумарството.
-За имплементација на активностите предвидени во програмскиот пакет одговорни се релевантни институции на централно ниво и Единиците на локална самоуправа. Во рамки на програмскиот пакет кој се однесува на областа енергетика развиени се следните проектни програми – намалување на емисија на честички од домашни ложишта, проект когенеративни гасни централи, проект греење без емисија, топлински пумпи, проект високо ефикасни котли, намалување на емисијата на честички од јавните објекти, проект државата не загадува - водиме со примери, емисии од транспортот, проект такси без директни емисии. Во рамки на програмскиот пакет кој се однесува на земјоделството и шумарството развиени се следните проектни програми – намалување на емисијата на честички од домашни ложишта, проект квалитетно огревно дрво, палење на недозволени гориви материјали, проект стоп за палење на ниви и стрништа, зеленило и шуми, проект стоп за шумските пожари. Во рамки на програмскиот пакет вклучени се активности за Единиците на локалната самоуправа – намалување на емисијата на честички од домашни ложишта, проект контрола на емисии од домаќинствата, проект комунална редарска служба – комунална полиција, намалување на емисија на честички од јавни објекти, проект државата не загадува – водиме со пример, проект планирање на идни емисии, рече Меџити.
Тој потенцира дека ова е заедничка борба која треба да резултира со подобар квалитет на живот за сите граѓани.