Македонија
12. February 2024 - 18:39

Медицинска сестра и хигиеничарка со иста плата?

Ако новиот министер за здравство не го потпише анексот на колективниот договор повторно ќе се изедначат платите на медицински сестри со хигиеничарки, предупредуваат самостојниот синдикат за здравство при ССМ и синдикатот на Клинички. За да не се случи ова и да не се предизвика уште поголем револтот на здравствените работници тие апелираат потпис на документот да се стави до распишување на изборите по најавите дека минималната плата во март се покачува на околу 22.500 денари. Во тој случај според нивните пресметки средно медицинскиот и помошно техничкиот кадар треба да земаат 3000 до 4000 денари повеќе од минималецот. За ова постигнале и договор со неодамна разрешениот министер.

- Според нашите пресметки покачувањето е за 7 проценти од вкупниот буџет наменет за плати и сметам дека тоа е разумна сума, изјави д-р Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство при ССМ.

Доколку нема покачување на платите во здравството од синдикатот на Клинички предупредуваат дека најчувствителниот сектор ќе отане без кадар.

- Бараме покачување на платите на сите профили, изјави д-р Предраг Серафимовски, претседател на Синдикатот на Клинички.

Од двата најголеми синдикати во здравството ги повикуваат властите да не манипилираат со лицата ангажирани со договор на дело.

Заменик министерката во здравство ја обвини дополнителната заменичка во финансии дека таа го кочи овој процес.

 Ова не само што е неодговорно, туку е и опасно за нашето здравство, за граѓаните и за вработените во здравствениот систем, изјави Маја Манолева, заменик министер за здравство.

Со реакција преку фејсбук статус се јави и Елена Петрова, таа посочи дека побарала став од антикорупциска зосто постапката е во предизбории, а вината ја насочи кон министерот Бесими.

-Доколку имал искрена намера до сега ќе им бил решен статусот, меѓутоа очигледно е дека не постоела волја туку само обид за затскривање и барање алиби со тактизирање и чекање на стапување на функција на дополнителниот заменик министер за финансии, се вели во нејзината реакција.