Маж почина откако му се слошило по сообраќајна незгода во Скопје
Едно лице почина во болница откако му се слошило по сообраќајна незгода случена пред болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
- На 12.04.2021 околу 13.10 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје и патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(50) од Скопје, соопштува МВР.
По незгодата, кај сопатникот во патничкото возило „мерцедес“ Е.М.(70) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и му била влошена здравствената состојба, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, била констатирана смрт без траги од удар од незгодата, додека кај другиот сопатник Б.И.(46) од Скопје и возачот на другото возило Ј.В. биле констатирани телесни повреди.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?