Loading Video...
Спорт плус
1. July 2021 - 19:48

Матијашевиќ сменет, Николиќ нов селектор на одбојкарите

На само два месеци пред стартот на ЕП, ОФМ донесе одлука да го смени од функцијата селекторот на машката одбојкараска репрезнетација Никола Матијашевиќ и на неговото место го назначи Душко Николиќ кој официјално ќе ги предводи Спартанците на ЕП во Тампере , Финска.  
Ваквата одлука е донесена по направената анализа за штотуку одиграната Сребрена лига каде Македонија не успеа да го освои златниот медал иако беше домаќин на завршниот турнир во Струмица. 
Од тие причини ОФМ на седницата на Извршниот одбро донесе одлука да му врачи отказ на Матијашевиќ но и на селекторот на женската јуниорска репрезентација Ненад Михајловиќ.
Нов селектор на нашата репрезентација е помошникот на Матијашевиќ, Душко Николиќ. 
– Извршниот одбор на ОФМ го констатираше придонесот на Матијашевиќ во остварувањето на досегашните цели, но исто така ја истакна потребата од промена пред учеството на Европското првенство во септември во Тампере. Назначувањето на Николиќ ќе значи постојаност во работата на репрезентацијата, но од друга страна ќе овозможи и нов пристап во подготовките за нашето второ учество на континенталните самити- соопштија од федерацијата.